Истрагата помогната од меѓународни експерти ќе ги даде сите одговори

1 min read

СДСМ изразува почит кон одлуката на министерот за здравство Венко Филипче да поднесе оставка, како и кон таквите одлуки на заменикот министер за здравство и директорите на болницата во Тетово.

Од партијата очекуваат истрагата што надлежните институции ја спроведуваат во соработка со меѓународни експерти, да ги даде одговорите за сите прашања поврзани со трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово.

Ефикасната и брза истрага ќе даде дополнителна потврда за капацитетноста на институциите и нивната професионална посветеност, се вели во соопштението од СДСМ. Оттаму додаваат дека ангажманот на врвните германски експерти за форензика треба да донесе дополнителна вредност во процесот на истрага.

Понудена оставка на Филипче: „Топката“ е во рацете на Заев

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две децении од нападот што ги промени Америка и светот

Следно

Ѓоковиќ на чекор до историја, се пласира во финалето на УС Опен и ќе се игра за календарски слем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian