Бугарскиот претседател Румен Радев предмалку за време на посетата на бугарскиот град Плевен, на јавноста ѝ соопшти оти одлучил претседателските и парламентарните избори во земјата да се одржат истовремено на 14 ноември.
Причината за истовременото одржување на изборите, според Радев, е намалување на трошоците од државниот буџет.
Румен Радев ќе се обиде да добие втор претседателски мандат, а граѓаните на Бугарија по трет пат годинава ќе излезат на парламентарни избори затоа што ниедна од парламентарните партии не успеа да формира влада и го враќање мандатот кај претседателот.