ФИФА пресече: Премиерлигашите ќе може да сметаат на бразилските фудбалери

1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека фудбалерите од Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај, можа да играат за англиските екипи.

Во средата беше објавено дека ФИФА повикувајќи се на членот 5, на барање на фудбалската федерација на Бразил им забрани на фудбалерите од оваа држава да играат за своите екипи.

Бразилската федерација побара од ФИФА да им забрани на екипите да ги користат фудбалерите од оваа држава во период од 10. до 14. септември. Барањето претставуваше еден вид одмазда бидејќи екипите од Премиер лигата одлучија да не ги пуштат фудбалерите да играат за своите репрезентации во земјите кои се наоѓаат на црвената листа на владата на Велика Британија поради пандемијата на коронавирусот.

Но, по долги разговори помеѓу ФИФА, фудбалската федерација на Англија и Премиер лигата со претставниците  на федерациите на Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај, одлучено е да се укине ограничувањето.

Одлуката е донесена на нешто повеќе од 12 часа пред почетокот на првиот натпревар во Премиер лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Следно

Сексот е лек за затнат нос, корумпираноста не зависи од дебелината на политичарите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian