Имаме релативно стабилна состојба со репродуктивниот број на SARS-CoV-2, кој последниве три недели во просек е 0.87. Пикот на заразувања е веројатно поминат, а веројатно го поминуваме пикот на активни случаи. Бројот на случаи би требало да опаѓа во наредниве две недели, но не драстично, објави на својот фејсбук профил доктор Харис Бабачиќ, од Каролинскиот институт во Шведска.
-Ова не значи дека можеме да се опуштиме и дека немаме нови заразувања во тек. Состојбата може да се смени бидејќи не сите случаи се изолирани и ќе има повеќе мешање во периодов кој претстои. Проблем претставуваат граѓаните кои избегнуваат да се тестираат и регистрираат како случаи, што ги поматува процените. Вардете се и понатаму како досега, напиша тој во својата објава.