Фудбалерите на Челси ја совладаа Астон Вила со 3:0 на „Стемфорд бриџ“ во четвртото коло од Премиер лигата.
Резултатот во 15. минута го отвори Ромелу Лукаку по одличната асистенција на Матео Ковачиќод сопствената половина.
Токму Ковачиќ го постигна вториот гол за Челси откако Тајрон Мингс направи кардинална грешка, додека конечниот резултат го постави Лукаку со одлучен шут во горниот десен агол од голот.
Во сето добро што се случуваше за Челси на овој натпревар, има и нешто лошо, а тоа е играта на најновото засилување Саул Нигез кој делуваше како да е излезен од натпреварувачка форма и грешеше во додавањата, но и не можеше да се носи во дуелите на средината на теренот.
Челси по четири кола е на делба на лидерската позиција на табелата заедно со Манчестер јунајтед, и двете екипи имаат по десет бодови.