Ботас најдобар на спринтот, но на утрешната трка во Монца ќе стартува последен

1 min read

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз во квалификациската спринт трка, но на главната трка утре ќе стартува од последното место поради одлуката на неговиот тим да ја промени погонската единица. Сите возачи имаат прави по три пати да ја менуваат погонската единица во една сезона, но ова за Ботас беше четврта и поради тоа е казнет од страна на ФИА. 

Од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката Монца, ќе стартува Макс Ферстапен кој беше втор во спринтот.

Бодови од спринт трката покрај Ботас (3 бода) и Ферстапен (2), освои и третопласираниот Даниел Рикиардо (1), а меѓу десетте најдобри по 18 извозени кругови се најдоа и Ландо Норис, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Карлос Саинс, Антонио Џовинаци, Серхио Перез и Ленс Строл.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беќаровски: Континуирано присуство на цивилни невработени лица во ковид центрите е свесно загрозување на јавното здравје

Следно

ВИДЕО: Спектакл на „Бај Арената“, седум гола и пресврт на Борусија Дортмунд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian