Баварците ја наполнија мрежата на Лајпциг во дербито

1 min read

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Лајпциг во гости со 4:1 во дербито на четвртото коло во Бундеслигата. Актуелниот шампион дојде до третата победа во сезоната и со десет бодови е втор на табелата, зад Волфсбург кој има максимални 12 бодово. Лајпциг остана на три освоени бодови и се наоѓа на делба на десеттото место што секако не ги задоволува амбициите на актуелниот вицешампион во Биндеслигата.

Голеадата ја започна Роберт Левандовски кој во 12 минута беше сигурен реализатор на пеналот.
Младиот Џамал Мусиала на стартот од второто полувреме му донесе водство од 0:2 на Баерн.
Лерој Сане во 53. минута ја зголеми предноста на 0:3, а единствено што успеа да направи домашниот тим беше да постигне почесен гол преку Конрад Лајмер.
Конечниот резултат го постави Максим Чупо Мотинг во судиското продолжение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инциденти на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација во Солун, кусо пред говорот на Мицотакис

Следно

Столтенберг: Борбата против тероризмот ќе продолжи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian