Барселона сега има пари, подготвува зимска трансфер бомба

2 mins read

Каталонските медиуми открија дека Барселона во последните моменти од летниот преоден рок се обиде да го ангажира шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, но Лајпциг ги одби сите понуди иако фудбалерот се согласи на трансферот.

Новинарите Ориол Доменек и Феран Мартинез потврдија дека Барселона во зимскиот преоден рок повторно ќе испрати понуда до германскиот тим и во тимот од „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе успеат да го комплетираат трансферот.

Причина за оптимизмот на управата на Барселона е податокот дека Дани Олмо ги прифатил сите услови на каталонскиот тим бидејќи сака да се врати во клубот кој ги помина сите младински категории пред заминувањето во Динамо Загреб.

Според новинарите Доменек и Мартинез, Барселона со летната распродажба на фудбалерите и намалувањето на платите на Жерар Пике, Серхио Бускет и Жорди Алба, заштеди 60 милиони евра кои планира да ги потроши на трансферот на Олмо.
Проблем во реализацијата на трансферот може да претставува барањето на Лајпциг да му се платат 70 милиони евра обесштетување.

Каталонскитете новинари тврдат дека Барселона се одлучи за ангажман на Олмо поради неговите тактички и технички предиспозиции, бидејќи е дете на Барселона и го познава системот на игра, а згора на тоа има 23 години и во него управата гледа иден лидер на тимот заедно со Ансу Фати.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се надева дека финансиската ситуација ќе се подобри во наредниот период бидејќи се очекува нови договори со намалени плати да потпишат и Серхи Роберто,  Осман Дембеле, Фелипе Кутињо и Самуел Умтити и така би можел да дојде дополнителни 10 милиони евра, за да ја плати сумата која ја бара Лајпциг и во јануари да го комплетира траснферот на Олмо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сексот е лек за затнат нос, корумпираноста не зависи од дебелината на политичарите

Следно

Македонска снаа нова претседателка на Парламентот на Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian