Бајден ќе прими трета вакцина ама откако ќе стане достапна за сите

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја прими третата доза од вакцината против ковид-19, но ќе причека таа да стане достапна, соопшти портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

-Ќе сочекаме додека да биде широко достапна, а тоа очекуваме да биде наскоро, рече таа за новинарите.

Бајден за Еј-би-си минатиот месец најави дека тој и сопругата ќе примат трета доза за да го зајакнат имунитетот, откако на 20 септември ова ќе биде достапно за сите Американци.

Програмата за аплицирање трета доза започнува иако милиони Американци сѐ уште немаат добиено прва доза, а милиони луѓе ширум светот чекаат вакцините да станат достапни во нивните земји.

Бајден и неговата сопруга првата доза ја примија во декември кога во САД почнаа да се увезуваат вакцините на Фајзер-Бионтек.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандал на претставувањето на Камавинга во Реал: Па тој е поцрн од оделото кое го носи

Следно

Ѓоковиќ по пласманот во финалето го цитираше Коби Брајант

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian