Франческо Бањаја ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Арагон и притоа успеа да го собори рекордот на патеката кој е стар шест години. Второ најбрзо време во квалификациите имаше Џек Милер исто така од Дукати, додека третопласиран е Фабио Квартараро од Јамаха.
Бањаја на овој начин му ја донесе 50 пол позиција на италијанскиот тим во Мото ГП класата.
Италијанецот победи во квалификациите со време од 1:46.322 минути, а во првиот стартен ред на утрешната трка покрај него ќе бидат Милер и Квартараро, додека во вториот се Марк Маркез, Хорхе Мартин и Алеш Еспаргаро.
NEW ALL TIME LAP RECORD! 🔥🔥🔥@PeccoBagnaia strikes back for @ducaticorse! 🔝#AragonGP 🏁 pic.twitter.com/MTFh0HG3dS
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 11, 2021
Во втората квалификациска сесија учествуваа уште Мир, Пол Еспаргаро, Бастијанини, Зарко, Накагами и Брен Биндер.
На првото излегување на патеката доминираа возачите на Дукати, Бањаја прв извозе еден круг под 1:47 минути, а потоа Хорхе Мартин беше побрз, а потоа Квартараро покажа дека се наоѓа во одлична форма и дојде до првото место. Возачот ја Јамаха оствари време од 1:46.727 минути. Но, потоа на патеката се појави Бањаја и кругот го извозе во време од 1:46.322 минути со што го собори рекордот на патеката кој шест години беше во сопственост на Марк Маркез.