Министерството за здравство на Австрија, издаде нова уредба за епидемиолошки мерки со која сите земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, се ставени на „црвена листа“.
Покрај земјите од Западен Балкан, на листата се најдоа и други земји како САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд. Од тие земји од сега е можно да се влезе во Австрија само со потврда за целосна имунизација.
На зелената листа ставен е единствено Уругвај, кој до скоро беше земја во кој се шири новиот сој.
Уредбата има уште една новина. А тоа е продолжување на рокот на вакцинација од девет на 12 месеци. Досега важеше правилото лицето да се третира како вакцинирано девет месеци од приемот на другата доза, а од сега тој рок се продолжува на 360 дена.