Со носителот на листата за советници, микробиологот Никола Пановски, може да направиме „чуда“ по локалните избори доколку ја добиеме довербата од граѓаните, соопшти Арбен Шаќири, кандидатот на ДОМ и ЛДП за градоначалник на Скопје во гостување на емисијата „Студио 10“.
Стабилен, паметен е и предизвик е да се работи со таков човек, можам да кажам слободно дека и тој е рокер. ЛДП го номинира него, а за мене понудата е од ДОМ. Луѓето дојдоа со молба, ајде да понудиме гратска нормална варијанта, вели Шаќири.
Шаќири се осврна и на културата, односно како и зошто не станал директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) и дали тоа е причината за која се кандидира за градоначалник на Скопје.
„МКЦ е единствената паметна работа што како градоначалник Шилегов ја направил, тоа што не ме назначи за директор“, изјави Шаќири на гостувањето во емисијата