Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати на терените и веднаш покажа колку е важен играч за Динамо Загреб. Во победата на Динамо над Шибеник од 2:0 , Адеми асистираше при постигнување на првиот гол.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра од клупата за резервни играчи во 57 минута, и само десет минути подоцна со глава му асистираше на Лауритсен за водство на Динамо од 1:0.
Само десет минута подоцна, Динамо за завери победата со голот на Иванушец.
По седум одиграни кола во првата Хрватска лига, Динамо е лидер на табелата со 16 бодови.