Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, денес ја одбележа 20-годишнината од крвавите терористички напади од 11 септември 2001 година над Сооединетите Американски Држави.
„Денес со почит се сеќаваме на сите жртви од терористичките напади на 11 септември и сите оние кои го загубија животот во овие две децении обидувајќи се да го направат светот побезбедно место за сите нас“, напишал Груби.
Во нападот на 11 септември 2001 година, животот го загубија околу 3 илјади луѓе.
Меѓу жртвите во кулите близначки беа 2.752 лица, од кои 343 пожарникари и 60 полицајци. Повеќето од жртвите беа цивили од 70 различни националности.
Овие настани доведоа до започнување на една голема кампања предводена од САД против тероризмот.