Зеленски: Војна со Русија е можна, но и најлоша опција

2 mins read

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски денеска изјави дека е можна директна војна со Русија, изразувајќи гнев бидејќи неговата земја не добила јасен одговор на барањето за влез во НАТО, пренесува Ројтерс.

Запрашан на самитот Јалта-европска стратегија (ЈЕС) дали постои можност за конфликт со Русија, која го анектираше полуостровот Крим во 2014-та година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина, Зеленски одговори: „Мислам дека постои“.

„Тоа е најлошото нешто што може да се случи, но за жал постои таква можност“, додаде тој.

Киев објави дека 14.000 луѓе се убиени во конфликтите во источна Украина од 2014-та година.

Зеленски рече дека односите со САД се подобрени, но изрази жалење што Украина не доби јасен одговор на нејзиното барање за влез во НАТО – потег што сигурно ќе ја налути Москва.

Тој нагласи дека отфрлањето на Украина ќе го ослабне НАТО и ќе и одговара на Русија.

Тензиите меѓу Киев и Москва се засилија претходно оваа година, бидејќи борбите се засилија во источна Украина и Русија го зголеми бројот на војници во близина на границата.

Москва ја обвинува Украина дека го загубила интересот за мировни преговори, а Зеленски залудно се обидел да организира средба со Путин во зоната на конфликтот.

„Искрено, немам време да размислувам за него. Ме интересираше повеќе кога можеме да се сретнеме суштински, не само декларативно како што тоа го прави со другите држави. Не добивме јасен став за членството на Украина во НАТОУкраина е подготвена за тоа долго време“ изјави украинскиот претседател.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со израелскиот претседател Херцог

Следно

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian