Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

1 min read

На Институтот за судска медицина завршена е обдукцијата на телата донесени од Тетово, по пожарот што во вторникот ја изгоре модуларната болница во која се лекуваа болни од Ковид-19.

– Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина, потврдил за Дојче веле директорот на Институтот, Александар Станков.

Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите.

Станков вели дека обдукцијата поминала со примена на најпрофесионалните стандарди, и со посебни ковид протоколи и заштита, поради специфичните околности во кои се работи за време на пандемијата.

– Најспецифично за време на обдукцијата беше тоа што станува збор за болни од Ковид-19, за коишто мора да се применуваат посебни протоколи и мерки за заштита. Но, ние во такви околности работиме веќе две години, истакна Станков.

Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Војна со Русија е можна, но и најлоша опција

Следно

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754 271 граѓани, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian