Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка, Филипче најави прес за 19 часот

1 min read

Бранот оставки на надлежните, поврзани со катастрофалниот пожар во тетовската ковид-болница, попладнево продолжи со оставката на заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството!“, соопшти Хасани.

Претходно, оставки поднесоа и директорот на тетовската Клиничка болница, Флорин Бесими, како и економскиот директор на болницата, Артан Етеми.

Министерот за здравство Венко Филипче најави прес-конференција за 19 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во текот на изминатото деноноќие починаа 30 лица, а регистрирани се 577 нови заболувања

Следно

И докторот Илир Хасани се солидаризира со тетовчани, поднесе оставка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian