Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754 271 граѓани, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата

1 min read

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754 271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 358 067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603 795 граѓани, информира денеска Министерството за здравство.

Со последните бројки, посочуваат од Министерството, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините, посочуваат од Министерството за здравство, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

Следно

Почина поранешниот португалски претседател Хорхе Сампајо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian