Времето денеска сончево, викендов променливо облачно со услови за слаб дожд

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во наредните денови ни претстои променливо облачно време со услови за слаб локален дожд.

Од УХМР информираат дека денеска зголемена облачност ќе има во западните делови на земјава, каде воедно ќе има и услови за појава на краткотраен дожд, особено во планинските региони.

Максималната температура ќе биде во интервл од 22 до 30 степени. Во Скопје денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност, а темпертурата ќе достигне до 27 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а веќе од понеделник ќе преовладува стабилно, сончево и потопло време.

Извор: МИА

Славчо Поповски прогнозира: Од утре пак се менува времето

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бионтек сака да произведува вакцина за деца од 5 до 11 години

Следно

ДСЗИ нема да влезе во тетовската болница да испитува како пациентите имале придружници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian