Во Германија повеќето од хоспитализираните лица се помлади од 60 години

1 min read

Во Германија има повеќе луѓе под 60 години на одделенија за интензивна нега отколку оние над 60 години, што веројатно е резултат на фактот дека вакцинацијата против ковид-19 е помала кај помладата популација отколку кај постарите лица, пишува агенцијата ДПА.

Помеѓу средината на август и почетокот на септември, повеќе пациенти на возраст од 18 до 59 години биле третирани на интензивна нега отколку оние над 60 години, се вели во извештајот на Институтот Роберт Кох, објавен вчера.

Во Германија, 83 проценти од луѓето постари од 60 години се целосно вакцинирани, додека 67 проценти од оние на возраст од 18 до 59 години примиле две дози од вакцината.

Повеќе од 1.400 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега, што претставува зголемување од 22 проценти во споредба со минатата недела, се вели во извештајот.

Најголем број пациенти на интензивна нега досега е забележан во Германија за време на Божиќниот период минатата година, околу 5.760.

Стапката на вакцинација во Германија кај сите возрасни групи малку се зголеми од минатата недела, од 61 на 62 проценти.

Разликата во вакцинирањето на различни возрасни групи, исто така, произлегува од фактот дека луѓето над 12-годишна возраст добиле препорака за вакцинација само во средината на август и сега околу 24 проценти од оние на возраст од 12 до 17 години се целосно вакцинирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фернандез: Кога бев мала учителката ми рече да се откажам од тенисот

Следно

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian