ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче не е доволна, и Заев треба да се повлече за да има независна истрага

1 min read

Оставката на министерот за здравство Венко Филипче поради трагедијата во Тетово за најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, не е доволна, а оттаму велат дека оставка треба да поднесе и премиерот Зоран Заев, што, според партијата, единствено може да гарантира независна истрага за пожарот.

„Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот. Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага“, се вели во вечерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие зад оставката на Филипче. Овој народ виде оставки, кои не беа чин на одговорност, туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашковски“, додаваат од партијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалија прогласи тридневна жалост за смртта на поранешниот претседател Сампајо

Следно

Ботас на спринт трката во Монца ќе тргне од првото, а на главната трка од последното место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian