Јувентус жали за пропуштената шанса да го ангажира Халанд: Го сакавме ама…

1 min read

Ерлинг Халанд е желба на најголемите европски екипи, а меѓу нив е и Јувентус. Спортскиот директор на „старата дама“ Федерико Черубини изјави дека клубот жали што не го ангажира Халанд кога за тоа имаше можност.

– Сакавме да го ангажираме пред неколку години, но на играчот не му се допаѓаше идејата да дојде кај нас на позајмица. Дали можеме да го купиме сега? Ќе гледаме играчи како него пред да се афирмираат иако не ја исклучувам опцијата и за негов ангажман – изјави Черубини.

Ерлинг Халанд од 2020 година настапува за Борудија Дортмунд која тогаш успеа да ги победи гигантите и да го донесе на „Сигнал Идуна Парк“ и го врза со договор со 2024 година. Но, иако не е потврдено од германскиот тим, се шпекулира дека идното лето откупната клаузула ќе иснесува само 75 милиони евра, а како фаворити за неговиот потпис се сметаат Реал Мадрид и Ливерпул, откако Челси се откажа поради преголемата провизија која ја бара агентот на играчот, Мино Рајола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вкупно 14 921 лице извршиле увид во избирачкиот список

Следно

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian