Телата на жртвите во страотниот пожар уште не се предадени на семејствата, на Судска медицина интензивно се работи

1 min read

Телата на починатите кои загинаа во страотниот пожар кој ја зафати модуларната болница во Тетово, се уште не им се предадени на семејствата, информира за „Слободен печат“ директорот на Институтот за судска медицина, доктор Александар Станков.

Станков посочи дека обдукциите се завршени, но има уште работа.

-Обдукциите се завршени но има уште работа. Ниеден од починатите уште не е предаден на семејството, ни рече кратко докторот.

Македонска јавност и натаму е во шок од огромната трагедија што се случи на самиот ден на прославувањето на јубилејот од македонската независност . Во пожарот кој изби во модуларната болница во Тетово, 14 луѓе загинаа, а 12 се повредени. Немало настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Страшниот пожар за неполн половина час го пеплоса монтажниот објект во кој беа сместени тешки пациенти што се лекуваа од ковид-19.

Петмина обвинители вчера излегоа на терен за да ги утврдат причините поради кои настана пожарот, а во тетовската болница можеше да се забележи и поголемо полициско присуство.

Русковска ја бара целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Следно

Пациенти од Радовиш и Берово ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian