Талибанците сè понасилно одговараат на протестите во Авганистан 

1 min read

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денеска соопшти дека одговорот на талибанците на мирните протести во Авганистан станува сè понасилен, при што властите користеле муниција, палки и камшици и убиле најмалку четворица демонстранти.

Протестите, честопати предводени од жени, претставуваат предизвик за новата исламистичка талибанска влада, која се обидува да ја консолидира контролата по заземањето на главниот град Кабул, пред речиси еден месец, пренесува РСЕ.

– Ја видовме реакцијата на талибанците, која е за жал тешка, рече Равина Шамдасани, портпаролка на ОН за човекови права, на прес-конференција во Женева, велејќи дека ОН документирале четири смртни случаи на демонстранти. Таа вели дека механизмот на талибанците за задушување на протестите – отпуштања од работа – доведе до тоа многумина да се откажат од излегување на улица.

Шамдасани истакна дека Обединетите нации исто така добиле извештаи за претреси од куќа до куќа за оние што учествувале во протестите.

Новинарите кои професионално ги следат протестите се, исто така, цел на заплашување.

– Во еден случај, е пријавено дека на еден новинар, додека го удирале со нозе по глава, му рекле: Имаш среќа што не ти е отсечена главата, посочи  Шамдасани.

– Навистина има многу заплашување на новинарите кои само се обидуваа да ја завршат својата работа, потврди Шамдасани

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чеферин не им простува на Реал, Барселона и Јувентус за формирањето на Суперлигата: Неспособни сте

Следно

 Москва нема да се впушти во апокалиптичните дискусии за можна војна меѓу Русија и Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian