Спасените 12 пациенти немаат повреди од пожарот – еден починат меѓу ковид-болните во Тетово

2 mins read

Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот во тетовската модуларна болница се во добра здравствена состојба без повреди од огнот, уверуваат од ковид-центарот. Во последните 24 часа има еден починат меѓу вкупниот број на болни од ковид-19 кои се хоспитализирани во интерното одделение.

– Пациентите кои се спасени се во релативно добра здравствена состојба кај нив нема знаци на повреди од огнот, немаат кожни или други проблеми од инцидентот таа вечер. За среќа тие пациенти кои се префрлени во други одделенија за кратко време, биле во подобра здравствена состојба и немало проблеми во тој вакуум при преместување од едно во друго одделение, при транспорт немало проблеми, изјави д-р Гзим Нуредини.

Во изминатите 24 часа до седум часот утринава се бележи еден смртен случај кај 72 годишник кој бил на болничко лекување во зградата од интернистичкиот блок. Бил со повеќе хронични болести.

– Имаме 57 хоспитализирани, додека 36 амбуланти прегледи. Секој ден има намалување на бројот на хоспитализирани и за среќа се редуцира и бројот на починати. Ние за неколку дена по ред бевме радосни бидејќи немавме починати, но за несреќа се случи трагедијата, истакна докторот на средбата со новинарите.

Меѓу 14 починати во пожарот имало медицински техничар вработен во приватна ординација, а кој бил хоспитализиран поради ковид-19 во модуларната болница.

На новинарските прашања зошто се дозволувало роднини на болни да престојуваат со нив во болницата, за што преку медиумите сведочат самите посетители, Нуредини без конкретен одговор.

– Секоја посета е казнива и не може роднина да се згрижи со пациентите и порано имавме укажувања дека имало. Ние пративме известувања до сите одделенија до главни сестри и раководители на одделенија да не се дозволува посета. Има и вработени од цела клиника кои се пратени таму, дали биле во свое работно време или биле да ги посетат, но биле со маска и заштитна опрема, вели лекарот.

Според него во модуларната болница имало противпожарни апарати но огнот се проширил за неколку минути во целиот објект.

Извор: МИА

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ Видеото со пожарот наводно од модуларната болница во Тетово е лажно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Ова е најмачната работа во светот, луѓето носат цигли на глава од изгрејсонце до зајдисонце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian