Сончево со умерена облачност и краткотраен дожд во западните делови

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја, а в недела и услови за појава на ретки грмежи.

Извор: МИА

Славчо Поповски прогнозира: Од утре пак се менува времето

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Следно

Одложени јавните настани на партиите за изборите, утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian