Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат на 16 септември во Елисејската палата, седиштето на францускиот претседател.
Двајцата лидери ќе се состанат за да разговараат, меѓу другото, за ситуацијата во Авганистан.
Во соопштението се додава дека другите теми за дискусија ќе се движат од ситуацијата во Шахел до претстојното француско претседателство со Европската унија.
извор МИА