Шилегов: Во време на Пандемија изградивме четири булевари, 110 км нови велопатеки, есен мост завршивме, друг почнавме

1 min read

„Она за што јас можам да го кажам гордо дека се изградени четири булевари, еден мост завршен во Аеродром, друг почнат во Карпош, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, по 40 години зборување за трамвај, сега Бас рапид транзитот е тендериран, завршена финансиската конструкција, после долги години малтретирање на уличните кучиња направивме стационар, што е пример во регионот, сето тоа се политики што ги креиравме за нашиот град за одржлив развој на инфраструктурата, се токму тоа со коешто јас настапувам пред скопјани“, вели Шилегов во интервјуто за Студио 10 на Телевизија 24.

Во врска со нападите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов смета дека нападите се наменети кон него само со една цел – лична дискредитација затоа што и самите они знаат дека со проектите што ги реализираше Град Скопје под негово раководство се проекти што на сите граѓани им се од полза и за нив никој не може да замери.

„Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично. Тие се со цел да бидам дискредитиран во очите на јавноста. Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, проблемите да бидат решени“, потенцираше градоначалникот Шилегов во гостувањето на Телевизија 24.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Германски експерти од Федералната криминалистика пристигнуваат деновиве во Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Следно

Австриец една година го чувал телото на починатата мајка за да ја добива нејзината пензијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian