Шеф на британската разузнавачка служба: Терористичката закана за Англија е вистинска и трајна

1 min read

Шефот на британската разузнавачка служба, Кен Мекалум денеска изјави дека терористичката закана останува „вистинска и трајна“ во Велика Британија и дека доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан најверојатно ги охрабрило екстремистите во таа земја, пренесува Би-Би-Си.

Шефот на МИ5 изјави дека неговата организација, со полициската соработка, „спречи 31 план за напад во напредна фаза“ во изминатите четири години, главно исламистички, но се зголемува бројот на планови за убиство на екстремно десничарите.

Мекалум додаде дека шест планови за напад биле спречени во изминатите две години, за време на периодот на пандемија на коронавирус.

„Терористичката закана за Велика Британија е реална и трајна“, рече тој пред одбележувањето на дваесетгодишнината од нападот на Ал Каеда врз Соединетите држави.

Запрашан за враќањето на талибанците на власт во Авганистан минатиот месец, извршниот директор на МИ5 рече дека најверојатно тоа ќе ги „охрабри“ екстремистите.

„Нема сомнение дека настаните во Авганистан охрабрија некои екстремисти, и мојата организација останува фокусирана на тој вид опасност и закана“, рече тој.

Терористичката закана „не се менува преку ноќ“ и може да има зајакнување на моралот на екстремистите присутни овде или во други земји, додаде тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Следно

Први во светот: Куба ги вакцинира двегодишните деца против ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian