Русија и Белорусија почнаа воени вежби „Запад-2021″

1 min read

На 14 воени полигони за обука синоќа во исто време почнаа заедничките стратешки воени вежби на Русија и Белорусија „Запад-2021″, соопшти руското Министерство за одбрана.

Маневрите се изведуваат на девет руски полигони и на пет белоруски.

Вежбите се одржуваат на територијата од Балтичкото Море до областите Воронеж и Нижни Новгород. Вклучени се вкупно околу 200.000 војници, повеќе од 80 авиони и хеликоптери, 760 единици воена опрема, вклучувајќи повеќе од 290 тенкови, повеќе од 240 парчиња оружје, ракетни системи и минофрлачи и 15 бродови.

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY

Покрај руската и белоруската војска, во заедничките вежби „Запад-2021″ учествуваат и војници од Ерменија, Индија, Казахстан, Киргистан и Монголија. Узбекистан, Пакистан и Шри Ланка се претставени со оперативни тимови од офицери кои се дел од штабот на вежбите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си Џинпинг: Конфронтацијата меѓу Кина и САД ќе го загрози целиот свет

Следно

Гутереш: Дијалог со талибанците ќе спречи милиони смртни случаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian