Роналдо е фабрика за пари: Јунајтед веќе го исплати трансферот на Португалецот

1 min read

Кристијано Роналдо продолжува да соборува рекорди кога станува збор за продажба на дресови откако потпиша за Манчестер јунајтед.

Јунајтед продаде дресови со името на Роналдо во вредност од дури 220 милиони евра, што претставува рекорд во Премиер лигата.

Но, оваа сума нема да се слее во касата на Јунајтед, најголем дел ќе замине кај производителот на спортска опрема Адидас, додека „црвените ѓаволи“ ќе добијат седум проценти од вкупната сума заработена од продадените дресови. Сепак, и таа сума е голема и изнесува 15.3 милиони евра.

Оваа сума е поголема од тоа што клубот ќе ја плати како обесштетување на Јувентус за трансферот на Роналдо. Манчестер јунајтед го донесе Роналдо од Јувентус за сума од 15.1 милиони евра.

Колку за споредба, ПСЖ продаде дресови со името на Лео Меси во вредност од 121.6 милиони евра, од кои за клубот останаа 8.6 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Понудена оставка на Филипче: „Топката“ е во рацете на Заев

Следно

Следната седмица средба Макрон-Меркел во Париз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian