Претседателот на државата Румен Радев, за време на расправата за кандидат за нов член на Централната изборна комисија на Бугарија од „Има таков народ“, соопшти дека распуштањето на Националното собрание е прашање на денови, пренесува БГНЕС.
Претседателот Раден уште не прецизира кога е можно такво случување. Според него, за да има фер, транспарентни и достапни избори, работата на ЦИК е од исклучителна важност.
Тој нагласи дека за ефективната работа на ЦИК е важна транспарентноста во нејзината работа. Изборите се столб на демократијата и од нив зависи да има демократски и легитимни институции, рече бугарскиот претседател Румен Радев.
Радев претходно ја одобри кандидатурата на Гергана Стојанова со која таа стана нов член на ЦИК од квотата на „Има таков народ”.