Германското обвинителство изврши претрес во федералните министерства за финансии и правда за време на истрагата дали службениците кои биле дел од единицата за борба против перење пари намерно ги мешале случаите, пренесува Блумберг.
Германските власти истражуваат дали службениците на Единицата за финансиско разузнавање, дел од Министерството за финансии предводени од кандидатот за канцелар Олаф Шолц, ги игнорирале предупредувањата за можно перење пари што ги добиле од банките, соопшти обвинителството во Оснабрук.
Рацијата е болна точка за Шолц, кој, судејќи според анкетите на јавното мислење, има добри шанси да стане канцелар на изборите на 26-ти септември.
Германија веќе извесно време е под притисок од меѓународни организации и активисти кои тврдат дека Берлин не ги почитува стандардите за борба против перењето на пари.
Министерството за финансии е под жестоки критики бидејќи не успеале да „провалат“ во Вирекард, финансиска компанија која на корисниците им нуди електронски трансакции и која беше длабоко вклучена во перење пари.