Португалија прогласи тридневна жалост за смртта на поранешниот претседател Сампајо

1 min read

Португалската Влада прогласи тридневна национална жалост во врска со смртта на поранешниот претседател Жорж Сампајо, се вели во соопштението објавено од кабинетот.

„Советот на министри издаде декрет со кој се прогласи национална жалост на 11, 12 и 13 септември во чест на поранешниот претседател на Република Жорж Сампајо”, се вели во соопштението. Во земјата ќе се организира државен погреб. Сампајо почина денеска, на возраст од 81 година.

„Жорж Сампајо беше исклучителна фигура во политичкиот живот на Португалија. Во извршувањето на своите професионални, граѓански и партиски должности, Жорж Сампајо отсекогаш се одликувал со длабока демократска култура, социјална чувствителност, хуманизам, чувство за етика, посветеност кон општеството и непоколеблива посветеност кон Португалија и целиот португалски народ”, се вели во текстот.

Смртта на Сампајо е „огромна загуба за Португалија”. „Неговиот живот е пример за сите, морално и граѓанско обележје што времето нема да го избрише”, заклучи владата.

Сампајо беше претседател на земјата од 1996 до 2006 година. Во 2015 година, тој ја освои наградата на ОН „Нелсон Мандела” за зајакнување на демократијата и заштита на човековите права.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби: Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче не е доволна, и Заев треба да се повлече за да има независна истрага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian