Поранешна француска министерка обвинета дека загрозила животи во справувањето со пандемијата

1 min read

Поранешната француска министерка за здравство, Агнес Бизин, која поднесе оставка во февруари 2020 година, на почетокот на пандемијата на ковид-19, денеска беше обвинета за „загрозување на човечки животи“ поради нејзините политики за справување со епидемијата.

Бизин е обвинета по сослушувањето на Републичкиот суд на правдата, кој води истрага за управувањето со антиепидемиските мерки.

Ексминистерката е првиот функционер обвинет во случајот кој се занимава со критикуваниот начин на секојдневно управување на француските власти со епидемијата на ковид-19, која досега однесе 115.000 животи во земјата.

Бизин, која е лекар-хематолог, беше на чело на министерството за здравство кога почнуваше пандемијата, а таа ја напушти позицијата за да се кандидира за градоначалничка на Париз. По поразот на локалните избори, таа изјави дека изборниот процес требало да биде прекинат поради опасноста од ширење на коронавирусот.

По ова, следеа повеќе тужби од граѓани поради недостигот на заштитна опрема за медицинскиот персонал и за граѓаните, како и грешки поврзани со обврската за носење заштитни маски. Бизин беше тужена за „неучествување во сузбивање на катастрофа“, а истрагата започна во јули лани.

„Ова е за мене одлична можност да го изнесам своето мислење и да се утврди вистинитоста на случувањата. Нема да дозволам да се оцрнува работата на владата и мојата работа како министерка, затоа што направивме толку многу за да ја подготвиме нашата земја за светската здравствена криза, која, да потсетам сѐ уште трае“, им изјави таа денеска на новинарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медведев преку Оже-Алиасим за второ финале на УС Опен

Следно

Менди останува во притвор, играчот на Сити се соочува со долгогодишна затворска казна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian