Почина поранешниот португалски претседател Хорхе Сампајо

2 mins read

Поранешниот португалскиот претседател Хорхе Сампајо, најпознат по тоа што ги искористи максимално своите претседателски овластувања во 2005-та година со распуштање на парламентот и соборување на нестабилната мнозинска влада, утрово почина на 81-годишна возраст, соопшти Ројтерс.

Причината за смртта не е објавена, но се знае дека Сампајо бил хоспитализиран од 27-ми август поради тешкотии при дишењето.

Тој освои два мандати

Сампајо го освои својот прв претседателски мандат, кој помина прилично мирно, во 1996-та година. После тоа, поранешниот адвокат освои уште еден петгодишен мандат во 2001-ва година, што се покажа како побурно и ја покажа моќта која може да ја има претседателот во таа земја.

Поради зголемениот буџетски дефицит кој беше на работ на рецесија, во 2002-ра година социјалистите ги загубија парламентарните избори од десноцентристичката коалиција, Социјалдемократите и Народната партија.

Во 2004-та година, социјалистите и другите левичарски партии жестоко се спротивставија на Сампајо поради одбивањето да се одржат предвремени избори, откако Жозе Мануел Дурао Баросо поднесе оставка на функцијата премиер за преземање на функцијата претседател на Европската комисија.

Во обид да обезбеди политичка стабилност, Сампајо назначи уште еден социјалдемократ, Педро Сантана Лопез, за ​​премиер, за четири месеци подоцна тој да заклучи дека новата влада не ги постигнува посакуваните резултати и нема соодветен јавен кредибилитет.

Тогаш Сампајо максимално ги искористи своите претседателски овластувања, го распушти парламентот и распиша нови избори во февруари 2005-та година, што ги врати социјалистите на власт предводени од премиерот Хозе Сократ.

Така Сампајо влезе во националната историја на Португалија како прв и засега единствен претседател што некогаш ја користел таа моќ, додека на чело на земјата е влада со парламентарно мнозинство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754 271 граѓани, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата

Следно

Двајца полесно повредени пожарникари имало при гасењето на пожарот во тетовската модуларна болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian