Во квалификациите за пласман на СП 2022 година, фаворитите од Јужна Америка немаа проблеми и забележаа нови победи, а со триумфот Бразил веќе си обезбеди мундијалска виза за Катар.
За Бразил немаше никакви проблеми, во осмиот натпревар дојде до осмата победа, а последна жртва на „кариоките“ е Перу кој е совладан со 2:0.
Човек на одлука беше Нејмар кој прво му асистираше на Евертон Рибеиро, а потоа и тој се запиша во листата на стрелци со што го надмина Ромарио како најдобар стрелец во квалификациите за СП со 12 постигнати голови.
🇦🇷 Hat-trick hero Lionel Messi (79 goals) celebrates the goal that saw him pass Pele (77) for most goals by a South American player in men’s international football 👏@Argentina | #WorldCup pic.twitter.com/Y41GU62mGh
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) September 10, 2021
Аргентина е на добар пат да го обезбеди учеството на СП во Катар откако со 3:0 ја совлада Боливија и тоа благодарение на хет-трикот на Лионел Меси.
Меси со трите голови стана најдобар стрелец во репрезентативната историја на Јужна Америка, тој тојде до бројката од 79 голови и го прескокна Пеле кој има 77 голови.
Уругвај со голот во последната минута од натпреварот на Гастон Переиро го совлада Еквадор и се искачи на третото место на табелата, додека Колумбија со 3:1 го совлада Чиле.
Резултати:
Парагвај – Венецуела 2:1
Уругвај – Еквадор 1:0
Колумбија – Чиле 3:1
Аргентина – Боливија 3:0
Бразил – Перу 2:0
Табела: Бразил 24, Аргентина 18, Уругвај 15, Еквадор 13, Колумбија 13, Парагвај 11, Перу 8, Чиле 7, Боливија 6, Венецуела 4.