На социјалната мрежа ТикТок се појави видео од надзорна камера во ковид болница на кое се гледа како настанува експлозија од апарат по што се шири пожар. На видеото пишува „Молете се за Тетово“ и истото се шири на социјалните мрежи со цел да се прикаже наводно како настанал пожарот во Тетово.
@jumaziibrahimi
Доколку го погледнете убаво видеото ќе видите дека на камерата пишува „Прв кат“ (first floor) што веднаш отвора простор за сомнеж, бидејќи во модуларната болница во Тетово немаше катови. Видеото го пребаравме на Гугл и дојдовме до вест од септември 2020 година за пожар во ковид болница во Вадодара, западна Индија. Пожарот настанал откако настанал дефект кај вентилатор по што тој се запалил.
Ventilator bursts into flames on coronavirus ward as staff rush to save patients