НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ Видеото со пожарот наводно од модуларната болница во Тетово е лажно

1 min read

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео од надзорна камера во ковид болница на кое се гледа како настанува експлозија од апарат по што се шири пожар. На видеото пишува „Молете се за Тетово“ и истото се шири на социјалните мрежи со цел да се прикаже наводно како настанал пожарот во Тетово.

@jumaziibrahimi

♬ original sound – 🧸♡

Доколку го погледнете убаво видеото ќе видите дека на камерата пишува „Прв кат“ (first floor) што веднаш отвора простор за сомнеж, бидејќи во модуларната болница во Тетово немаше катови. Видеото го пребаравме на Гугл и дојдовме до вест од септември 2020 година за пожар во ковид болница во Вадодара, западна Индија кој се случил на 8 септември. Пожарот настанал откако настанал дефект кај вентилатор по што тој се запалил.

Ventilator bursts into flames on coronavirus ward as staff rush to save patients

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пет (не)научени лекции на САД од нападот на 9/11

Следно

Радев најави распуштање на Народното собрание во следниве денови

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian