Мурињо навистина е „специјален“, викендов ќе го има 1000. натпревар како тренер

1 min read

Жозе Мурињо во недела ќе ја предводи Рома против Сасуоло и тоа ќе биде негов 1.000 наптревар како главен тренер во кариерата.

Со тоа „специјалниот“ ќе стане само 33. тренер во модерната ера на европскиот фудбал кој дошол до бројката од 1000 натпревар како тренер. На врвот на оваа листа се наоѓа легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед со дури 2.155 натпревари, а веднаш зад него е Арсен Венгер кој 1.701 натпревар седел на клупата како тренер.

За време на својата кариера Жозе Мурињо тренираше девет европски екипи од четири фудбалски лиги: Бенфика, Леириа, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома.

Португалецот се смета за еден од најуспешните тренери во историјата со освоени 25 трофеи, а е еден од ретките тренери кои имаат триумфирано во  Лигата на шампионите со два различни тима – Порто (2004) и Интер (2010).

– Големо е задоволството што дојдов до бројката од 1000 натпревари, но во исто време се радувам на следниот натпревар, а не уживање во сеќавањата на натпреварите кои се зад мене – изјави Мурињо за англиската Унија на менаџери (ЛМА).

ЛМА ќе му додели посебна награда на Мурињо и службено ќе го воведе во Куќата на славните на ЛМА  на посебна свеченост кога ќе се овозможат услови за тоа.

– Да се дојде до оваа бројка од 1.000 натпревари е големо постигнување за Жозе, а неговите резултати ќе овозможат да биде признат како еден од тренерските великани – порача сер Алекс Фергусон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата

Следно

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian