Москва нема да се впушти во апокалиптичните дискусии за можна војна меѓу Русија и Украина

1 min read

Дискусиите за можноста за војна меѓу Русија и Украина се апокалиптични и Кремљ не сака да дебатира на таа тема , изјави денеска портпаролот Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ги изјавите на украинскиот лидер Володимир Зеленски дека постои можност тоа да се случи.

На новинарско прашање дали Кремљ гледа таква опасност, Песков рече дека Москва не би сакала да се впушти пред „какви било апокалиптични очекувања“, пренесува Тасс.
Прес секретарот на претседателот на Руската Федерација додаде дека Москва жали за таквата изјава на украинскиот лидер.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, форумот на Јалта , на прашањето дали мисли дека е можна војна меѓу неговата земја и Русија, даде потврден одговор.

Зеленски јa нагласил дека е убеден дека ова би било најлошото сценарио за развој на настаните во регионот, но и дека е разочаран што Украина не добила јасен одговор на нејзиното барање за влез во воената алијанса на НАТО, состојба која и оди во корист на Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

 Талибанците сè понасилно одговараат на протестите во Авганистан 

Следно

Општина Гостивар ќе даде по 1000 евра за семејствата на починатите во пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian