Менди останува во притвор, играчот на Сити се соочува со долгогодишна затворска казна

1 min read

Бекот на Манчестер сити, Бенјамин Менди се наоѓа во притвор од последната недела од август откако четири девојки го обвинија за силување.

Делата за кои Менди е обвинет се случиле во периодот од октомври 2020 до август годинава. Поради тоа денеска Менди се појави пред суд, и да ја каже нешто во своја одбрана, но изненадувачки тој за време на 45-минутното сослушување прозборе само кога требаше да го потврди својот идентитет.
Тоа што ги изненади присутните е моментот кога беше спроведуван во затвор тој намигна на некого во судот.

Одлучено е судењето да започне на 24 јануари идната година и се очекува да тра две-три недели.
Манчестер сити веднаш откако фудбалерот беше уапсен, го суспендираше и нема да дава никакви изјави се до завршувањето на судењето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешна француска министерка обвинета дека загрозила животи во справувањето со пандемијата

Следно

Повторно лето: Променливо облачно и потопло време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian