Медведев преку Оже-Алиасим за второ финале на УС Опен

1 min read

Вториот носител, Данил Медведев е прв финалист на УС Опен откако во полуфиналерто со 6:4,7:5,6:2 го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим.

Ова ќе биде трето грен слем финале за Медведев, а по втор пат ќе игра во Њујорк. Пред две години загуби од Рафаел Надал во битката за титулата, а во кариерата има уште едно грен слем финале, тоа од февруари годинава кога беше поразен од Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен/

На патот до финалето, Медведев без поголеми проблеми ги елиминира Ришар Гаске, Доминик Кепфер, Пабло Андухар, Даниел Еванс, Ботик ван де Зандшулп и Феликс Оже-Алиасим.

Стартот на мечот против Оже-Алиасим донесе израмнета игра со сигурен сервис на двајцата тенисери. Дури  во седмиот гем, Медведев успеа да го скрши отпорот на Канаѓанецот и направи брејк за 4:3 по што рутински го приведе сетот до крајот.

Во вториот сет, Оже-Алиасим заигра далеку подобро и во шестиот гем направи брејк и поведе со 2:4. Но, кога при резултат 3:5 сервираше за израмнување во сетови, Медведев направи брејк со нула и потоа со уште еден брејк поведе со 2:0 во сетови.

Во третиот сет, младиот Канаѓанец немаше шанси против фаворитот кој доминираше на теренот и со убедливи 6:2 дојде до конечен триумф кој значеше и пласман во финалето.
Противник во финалето на Русинот ќе му биде подобриот од вториот полуфинален дуел кој започнува во еден часот по полноќ и во кој играат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Голема корупциска афера во Хрватска, популарен политичар се соочува со десет години затвор

Следно

Поранешна француска министерка обвинета дека загрозила животи во справувањето со пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian