Каталонскиот „Ел Насионал“ пишува дека Манчестер сити ја следи ситуацијата со договорот на Лука Модриќ во Реал Мадрид бидејќи хрватскиот репрезентативец е голема желба на Пеп Гвардиола.
Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната и сè уште не се започнати преговорите за нов, така што Хрватот од јануари ќе може да преговара со заинтересирани екипи и да потпише преддоговор и на лето да си замине како слободен играч.
Според „Ал Насионал“, Гвардиола и Сити планираат да му понудат на Модриќ една сезона да одигра за „граѓаните“, а потоа да се замине во САД и да игра за Њујорк сити кој исто така е во сопственост на шеикот од Обединетите Арапски Емирати.