Либан конечно формира нова влада по повеќе од една година блокада

1 min read

Формирана е нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот Мишел Аун, пренесува Вашингтон Пост.

Кабинетот на претседателот денеска соопшти дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати.

Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб.

Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: 80 проценти од новите случаи и 84 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Следно

Франција се мачи со птичји грип

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian