Историја на УС Опен: Две тинејџерки ќе играат во финалето

3 mins read

Ема Радукану и Лејла Фернандез ќе играат во финалето на УС Опен.
Ова е прв пат во историјата некој кој играл во квалификациите да дојде до големото финале на последниот годинешен грен слем турнир, а тоа го стори Ема Радукану која ја совлада Марија Сакари.

Од дрруга страна, моментно 73. тенисерка на светот, 19-годишната Лејла Фернандез по голема борба ја победи Арина Сабаленка со 7:6,4:6,6:4 за два часа и 24 минути игра.
Фернандез губеше со 0:3 во првиот сет кога во првите три гема освои само два поени, потоа негативата беше и 1:4, но успеа да се врати.

Во седмиот гем направи брејк, во освои успеа да го зачува својот сервис, во 12 гем спаси сет топка и го однесе сетот во тај-брејкот каде славеше со 7:3 и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Сабаленка направи брејк уште во првиот гем, но Канаѓанката возвраќа во четвриот гем. Сепак, Сабаленка успеа повторно да го одзеде сервисот на Лејна Фернандез и да се поведе со 5:4, а потоа со сигурен свој сервис да дојде до израмнување во сетови.
Во одлучувачкиот сет, Лејла Фернандез одигра фантастично како што играше и против Анџелик Кербер и Наоми Осака.

Прва направи брејк за водство од 4:2, но веднаш ја испушти предноста, но кога Сабаленка сервираше за да остане во мечот, Фернандез прави брејк со нула што значеше триумф и пласман во финалето.

Неверојатната Ема Радукану која е 150. на ВТА ранг листата, до финалето на УС Опен дојде на фантастичен начин, преку квалификациите и без загубен сет.
Како и во претходните мечеви, во полуфиналето беше убедлива и со 6:1,6:4 ја победи Марија Сакари од Грција.

Грчката тенисерка немаше никакви шанси против Радукану која во првиот сет поведе со 5:0. Во вториот сет беше направен само еден брејк, тој на Радукану во третиот гем по што предноста ја зачува со сигурен сервис и обезбеди пласман во финалето на УС Опен.
Финалето помеѓу Фернандез и Радукану ќе се игра утре вечер со почеток од 22 часот.
Ова ќе биде прво тинејџерско финале на УС Опен од 1999 година кога играа Мартина Хингис и Серена Вилијамс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гутереш: Дијалог со талибанците ќе спречи милиони смртни случаи

Следно

Итна помош од Кина за Авганистан од 31 милион долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian