И заменик -министерот за здравство, Илир Хасани поднесе оставка по трагедијата што се случи во модуларната болница во Тетово.
Оваа е неговиот пост на неговата официјална страница на фејсвук:
“Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу себеси. Нема ништо над достоинството!”, напишал Хасани.