Груби: Германски експерти од Федералната криминалистика пристигнуваат деновиве во Северна Македонија

1 min read

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес ја информираше јавноста дека во наредните денови во земјата ќе пристигнат германски експерти од федералната криминална полиција со цел да им помогнат на надлежните локални органи во истрагата и утврдувањето на причините за пожарот што го зафати модуларниот „Ковид“ центар во тетовската клиничка болница, информира GAZETA.MK

„Станува збор за тим на експерти кои доаѓаат од Германија, поточно од Bundeskriminalamt, институција со прек 60 години искуство и традиција и со преку 7.000 вработени. За време на овие истраги, германските експерти ќе обезбедат висока стручна поддршка, особено во областа на форензичките науки, ДНК анализите, електронските истражувања и идентификацијата„, напишал Груби.

Првиот вицепремиер Груби го заврши својот фејсбук пост со реченицата:„Вистината ќе излезе на виделина“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ објави нови кандидати за градоначалници: Тимчо Муцунски кандидат за Аеродром, Оливер Зафировски за Карпош

Следно

ВИДЕО | Се појавија снимки од безбедносните камери: Страв и паника во првите моменти од трагедијата во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian