Гостиварска Апелација му го укина притворот на Кичеец, се враќа на издржување на затворската казна

1 min read

Апелациониот суд во Гостивар доцна попладнево го укина 30-дневниот притвор за Зоран Милески – Кичеец, кој му беше одреден неделава на барање на Обвинителството, поради сомнение дека ја предизвикал сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево на 4 септември.

Веднаш по одлуката на гостиварскиот суд, според Телма, решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што Кичеец ја издржуваше мерката притвор, а тој сега се враќа во затворот во Струга, каде издржува казна за случајот „Рекет“.

Кичеец повторно стана актуелен во јавноста откако беше утврдено дека учествувал во сообраќајката, во која беше и полесно повреден, а Управата за извршување на санкции откри дека тој бил пуштен на 30-дневно отсуство од затворот поради здравствени прегледи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Следната седмица средба Макрон-Меркел во Париз

Следно

Дурански: Во Ерменија како да нема корона, навивачите подготвуваат пеколна атмосфера за дуелот со Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian