Главниот обвинител: На Бугарија ѝ се заканува процут на криминалот како во ’90-тите

3 mins read

Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев, поради затворањето на специјалните судови и промените во Бирото за заштита на лица, прогнозира процут на криминалитетот во земјата како во 1990-тите години.

Оваа изјава Гешев ја даде за бугарските медиуми при денешното доаѓање во бугарскиот парламент каде што заседаваше Комисијата за уставни и правни прашања а во врска со Законот за заштита на лица и измените на Законот за судската власт.

-Ова не е проблем за обвинителството. Тоа само ќе доведе до ниска ефикасност на обвинителството и процут на криминалитетот по обем, а можеби и толку многу како во 1990-тите години. Тоа е ослабување на бугарските граѓани и општество и на нивната безбедност, изјави тој за НОВА.

Според него во Бугарија не се одвива судска реформа туку судска катастрофа.

-Последниве денови слушам дека се користи клишето „судска реформа“. Според оценката на обвинителството ова не е судска реформа туку судска катастрофа за што, како и досега, цената ќе ја платат  бугарските граѓани. Овие законски проекти не реформираат туку уништуваат нешто што функционирало, изјави Гешев.

Тој вели дека со новиот Закон за заштита на лица заштитените сведоци ќе бидат изложени на закана, а дека најважните процеси во државата, оние кои се водат против олигарсите, ќе бидат замачкани. Според Гешев, со ова се отвора простор делата на организираниот криминал поврзани со убиства, изнуди, телесни повреди, телефонски измами и слично да поминат неказнето поради „правниот хаос“.

Кој е Иван Гешев?

Главниот јавен обвинител на Бугарија Иван Гешев се смета за контроверзна личност. Летово министерот за правда Јанаки Стоилов побара од Судскиот совет да започне постапка за негово разрешување според  чл. 129 од Законот за јавно обвинителство и чл. 307 од Законот за судска дејност за систематско не исполнување на своите обврски и поткопување на угледот на судството.

Главниот обвинител Гешев со своето однесување на многумина – и обичните граѓани и истакнатите правници – им даде причина да се сомневаат во неговата професионалност и непристрасност. Откривањето на податоци за тековни постапки во медиумите, креирање и ширење прејудицирање што е спротивно на принципот дека секој е невин додека не се докаже спротивното, како и голем број други околности оставија простор за предвремено разрешување на Гешев.

Протести во Софија: 12-ти ден по ред демонстрантите бараат оставки од Борисов и обвинителот Гешев (ВИДЕО)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не е се идеално во Јунајтед, застој во преговорите со Бруно Фернандеш околу новиот договор

Следно

Бионтек сака да произведува вакцина за деца од 5 до 11 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian